Елиф Елмас игра во одлична форма во дебитантската сезона во Калчо-лигата, а неговите партии во дресот на Наполи го убедија и новиот тренер Џенаро Гатузо да смета многу сериозно на македонскиот репрезентативец не само за завршницата од оваа, туку и за наредните натпреварувачки сезони.
Весникот „Кориере дело спорт“ објави листа од десет фудбалери кои Гатузо ги смета за „недопирливи“ и нема да дозволи нивно заминување во текот на летото, листа на која се наоѓа и името на македонскиот „дијамант“. Елмас беше во немилост на Гатузо во првиот месец по доаѓањето на новиот тренер, но Македонецот успеа да го убеди и овој стратег во својот огромен потенцијал, па добиваше се повеќе шанси пред прекинот на сезоната поради коронавирусот.
Покрај Елмас, на листата од десет „недопирливи“ фудбалери на Наполи се уште и Зиелински, Руиз, Ди Лоренцо, Манолас, Максимовиќ, Марио Руи, Деме, Лоботка и Мертенс.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski