Наполи утревечер му гостува на холандскиот АЗ Алкмар во групата Ф од Лигата на Европа. Тренерот на „наполитанците“, Џенаро Гатузо, вели дека тимот на Елиф Елмас многу сериозно му приоѓа на ова натпреварување затоа што сака да го освои трофејот. Доколку тоа се случи, пехарот ќе му биде посветен на легендарниот Диего Марадона кој почина на 60-годишна возраст, а беше и клупска легенда на Наполи.
„Ние сакаме да го освоиме трофејот во Лигата на Европа. Фокусирани сме на тоа и ќе сториме се за да се бориме за пехарот. Сакаме да го освоиме и да му го посветиме на Диего Марадона. Тој ќе остане вечна инспирација за фудбал, посебно во Неапол. Подготвени сме, мислам дека можеме до триумф иако максимално го респектираме АЗ Алкмар“, изјави Гатузо.
Наполи по четири одиграни кола е на првата позиција во групата со девет бода, а Реал Сосиедад и АЗ Алкмар имаат по седум.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













