Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо дојде со изненадување во „Кастел Волтурно“, базата на тимот. Го откажа планираниот тренинг и им приреди изненадување на фудбалерите. Гатузо ги одведе Елмас и соиграчите на пладневен ручек во „Херкуланеум“, античкиот град близу до Неапол, лоциран на падините на Везув.
По исцрпувачката победа над Емполи во Купот на Италија, Гатузо процени дека на тимот му е потребно опуштање и заеднички мигови во ресторан, да здивнат малку фудбалерите и да се опуштат пред дуелот со Фиорентина во Серија А в недела и мечот од Суперкупот на Италија против Јувентус в среда.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski