Џенаро Гатузо веќе не е тренер на Олимпик Марсеј. Италијанецот и неговиот стручен штаб се официјално известени од раководството на клубот дека добиле отказ, а ова е вест што се очекуваше по серијата слаби резултати и поразот од 1-0 во Брест синоќа.
Олимпик Марсеј имаше амбиција да се пласира во Лигата на шампионите преку домашното првенство, а Гатузо го остава тимот на „страшното“ деветто место во Лига 1 со 30 бода од 22 одиграни кола.
Европскиот шампион од 1993 година веќе седум натпревари по ред нема победено никого.
Сѐ уште не е познато кој ќе биде наследникот на Гатузо и кој ќе го води тимот во четврток против Шахтјор, во реваншот од осминафиналето на Лигата на Европа на УЕФА. Се шпекулира дека тоа би можел да биде Кристоф Галтие, човекот кој беше шампион на Франција со Лил и со Пари Сен Жермен.
Првата средба во Хамбург, на која Украинците беа номинални домаќини, заврши со резултат 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













