Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, смета дека импресивната форма на тимот од почетокот на сезоната е резултат на комбинација од самодоверба и постојан развој на играчите.
Тимот од Бергамо го совлада швајцарскиот Јанг Бојс со убедливи 6-1 како гостин во Лигата на шампионите, што е најубедливата победа во историјата на клубот во европските натпреварувања.
„Сино-црните“ моментно се на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите со 11 бодови од пет одиграни натпревари, додека во италијанското првенство се второпласирани, само еден бод зад лидерот Наполи.
„Се наоѓаме во одличен период, покажуваме врвна форма и во Италија, и во Европа. Задоволен сум од нашите изведби и резултати“, изјави Гасперини за „Скај Спорт Италија“.
„Освоената титула во Лига Европа минатата сезона многу ни помогна да ја зајакнеме нашата самодоверба. Летово пристигнаа и нови играчи кои одлично се развиваат. Тоа е основата на импресивната форма што ја прикажуваме“, додаде тој.
„Некои од играчите се со нас веќе подолго време и совршено ги знаат нашите барања. На теренот тие се како тренери – буквално можам да ги оставам да даваат насоки. Но, има и други кои сѐ уште ги учат нашите комбинации, реакциите во одредени ситуации и тајмингот. Добрата вест е што атмосферата во соблекувалната е одлична, момците прекрасно се разбираат меѓусебе“, заврши Гасперини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













