Извонредниот погодок на Алехандро Гарначо во победата на Манчестер Јунајтед од 3-0 над Евертон во февруари заслужено ја доби наградата за гол на сезоната во Премиер – лигата.
Талентираниот Аргентинец го отвори резултатот со извонреден удар со ножички и ја испрати топката во небранетиот дел од горниот агол.
Out of this world 🛸@ManUtd's Alejandro Garnacho wins the @Budweiser @PremierLeague Goal of the Season award 🏆🔥 pic.twitter.com/O3Wx6J1jyt
— Budweiser Football (@budfootball) May 26, 2024
Наградата ја доби во конкуренција на Кауро Митома, Бруно Фернандеш, Саман Годос, Алексис Мекалистер, Оскар Боб, Коби Маину, Маркус Рашфорд, Кол Палмер и Моисес Каиседо, кои исто така беа номинирани.
Ова е првпат играч на Манчестер Јунајтед да ја добие наградата од нејзиното основање во сезоната 2016/17.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski