
Францускиот првак Пари Сен Жермен загуби еден трофеј оваа сезона откако доживеа елиминација (2-1) од Олимпик Марсеј во Купот на Франција. Тоа веднаш го запали алармот во клубот кој има амбиции да освојува трофеи.
Тренерот Кристоф Галтие е пред отказ, а раководството на ПСЖ сака да доведе елитно име. Во опција се Зинедин Зидан, кој во моментот е без ангажман уште од периодот кога замина од Реал Мадрид, но и Пеп Гвардиола, кој е менаџер на Манчестер Сити, а постојат најави дека сака да замине поради последните случувања со англискиот првак и обвинувањата за финансиски малверзации.
Сето ова се планира за почетокот на следната сезона, а Кристоф Галтие има многу проблеми со фудбалерите пред двомечот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Неизвесни за настап за Лионел Меси, Килијан Мбапе, Нејмар, Серхио Рамос…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
