
Новиот тренер на фудбалерите на ПСЖ, Кристоф Галтие, им забрани на сите играчи, вклучително и на најголемите ѕвезди на тимот Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, да користат мобилни телефони за време на клупскиот појадок и ручек, објавија медиумите.
Галтие, исто така, наредил споменатото трио да вечера со остатокот од тимот во тренинг кампот, освен во посебни прилики.
Мерките на новиот тренер на парижаните вклучуваат и доаѓање на тренинг од 8:30 до 08:45 часот, а секој фудбалер кој доцни може слободно да се врати дома, пишува „Марка“.
Фудбалерите на ПСЖ во петокот во Токио го совладаа Кавасаки во пријателски натпревар со 2-1, а стрелци беа Меси и Калимуендо.
Фудбалерите на францускиот шампион го искористија престојот во Јапонија за да се испробаат и во џудо, а домаќин им беше Французинот Теди Ринер, повеќекратен олимписки и светски шампион.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
