
Славниот турски клуб Галатасарај е во финансиски проблеми, што ќе се одрази на изгледот на тимот за следната сезона. Првиот човек на клубот призна дека поради недостиг на финансии, Галатасарај нема можност да ги задржи своите најголеми sвезди, Радамал Фалкао и Софијан Фегули.
„Се сретнав со Фалкао и Фегули. Тие ни помогнаа многу, но со оглед на нашата нова финансиска стратегија и нивото на нивните плати, ние едноставно нема да можеме да ги плаќаме во иднина”, истакна Бурак Елмас.
Првиот човек на Галатарај исто така додаде дека сакаат да се разделат со играчите во пријателски односи.
„Поради горенаведеното, изразивме желба тие да пронајдат нови клубови. Се надевам дека Фалкао и Фегули ќе го направат тоа. Сакаме да се разделиме во добри односи. Ова е одлука на управата. Главниот тренер може да има поинаков став на ситуацијата “, истакна Елмас.
Фалкао дојде во Галатасарај во 2019 година, а Фегули ги бранеше боите на турскиот клуб од 2017 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
