Раководството на Галатасарај ќе се обиде да го купи Мауро Икарди кој е во тимот на позајмица од Пари Сен Жермен. Аргентинецот силно ја стартуваше кариерата во Турција и веќе стана миленик на навивачите, особено по двата гола во дербито против Бешикташ за триумф од (2-1 пред неколку дена.
„Икарди игра многу добро, но само нашата желба да го задржиме не е доволна. Мислам дека неговиот сегашен клуб не сака да го продаде“, изјави претседателот на Галатасарај, Дурсун Озбек.
„Мауро е искусен фудбалер и покажа дека може да ни биде корисен. Во зависност од нашите финансиски можности и дали ќе се договориме со Пари Сен Жермен, ќе направиме обид да го купиме“, додаде Озбек.
Поранешниот ас на Интер има три гола и една асистенција на пет натпревари за Галатасарај.
Неговата плата е 6,75 милиони евра по сезона, но турскиот клуб плаќа само 750.000.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













