Турскиот гигант Галатасарај продолжува со неверојатни трансфери ова лето. Во финишот на преодниот рок во Истанбул би можел да дојде и Бразилецот Кашемиро.
Според турските медиуми, „црвените ѓаволи“ сакаат што поскоро да се разделат со бразилскиот фудбалер. Се истакнува дека откако Кашемиро ќе го напушти клубот, Манчестер Јунајтед има намера да потпише со играчот од средниот ред Адриен Рабио, кој моментално е слободен агент.
Кашемиро настапува за англискиот клуб од летото 2022. Во овој период настапи на 87 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 12 гола и имаше девет асистенции.
Неговиот актуелен договор со клубот е до летото 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













