Турскиот гигант Галатасарај ја запиша својата втора победа во Лигата на шампионите оваа сезона, откако на домашен терен го совлада Бодо/Глимт со 3-1.
Виктор Осимен беше јунак на натпреварот — тој ги постигна првите два гола за Галатасарај, а во 60. минута Јунус Акгун погоди за убедливи 3-0. Почесниот гол за гостите беше дело на Андреас Хелмерсен во 76. минута.
По цели 11 години, Атлетик Билбао повторно се радува на победа во Лигата на шампионите, додека Карабах првпат сезонава го почувствува вкусот на поразот во елитното натпреварување, иако прв поведе на „Сан Мамеш“.
Леандро Андраде го изненади Билбао уште во првата минута, но Гурузета израмни во 40.минута. Во второто полувреме, Роберт Наваро донесе целосен пресврт, а Горка Гурузета во 88. минута го потврди триумфот од 3-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













