
Англискиот играч од средниот ред Конор Галагер доби забрана од Челси да тренира со првиот тим, пренесуваат медиумите на Островот.
Тој денеска беше во тренинг центарот каде преговараше за нов договор кој би бил на две години, со можност за уште една дополнителна сезона. Му било предочено дека во новиот систем на игра на тренерот Енцо Мареска, тој би бил играч за ротација, и му било кажано дека доколку тоа не му одговара, нема право да тренира со првиот тим.
Така, фудбалерот кој минатата сезона ја носеше капитенската лента во отсуство на Рис Џејмс и Бен Чилвел, ќе го напушти Челси, а неговата најверојатна следна станица е Атлетико Мадрид.
Се наведува дека шпанскиот тим сака негов одговор на понудата до крајот на викендот, или во спротивно ќе се повлече од трката за потписот на англискиот играч од средниот ред.
Челси има интерес да го продаде затоа што им е неопходен нов финансиски прилив за да можат да донесат нови засилувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
