
Напаѓачот на Холандија, Коди Гакпо, имаше клучна улога во победата со 2-1 над Турција во четвртфиналето на ЕВРО 2024. Тој активно учествуваше при вториот гол за својот тим, принудувајќи го Мерт Мулдур да постигне автогол. По натпреварот, тој изјави дека тимот се борел силно за да го оствари овој успех.
„Барт направи многу луди одбрани, со помош на другите шест голмани, хахах… Покажавме силен карактер и се боревме храбро за оваа победа. Игравме навистина добро. Знаевме дека или ова ќе бидат нашите последни минути на Европското првенство, или ќе одиме во полуфинале. Се боревме до крај за полуфиналето“, изјави Гакпо.
Тој ја коментираше и ситуацијата при голот за пресврт.
„Ќе треба да видам повторно, навистина не знам што се случи. Мислам дека топката ме закачи, а потоа се одби од него… Дали жалам што јас не сум стрелецот? Победивме, така што не е важно што голот не е на мое име“, истакна Гакпо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
