Новото засилување на Ливерпул, Коди Гакпо, најави дека тимот е целосно подготвен за претстојниот дуел со Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите. Според Холанѓанецот, играчите се посигурни по двете последовлни победи над Евертон и над Њукасл и се амбициозни да им покажат на сите дека се вратиле во најдобрата форма.
„Се разбира, чувството да го постигнете вашиот прв гол е одлично, и тоа се случи на многу важен натпревар за нас – дербито на „Мерсисајд“, па моментот да ја отворам мојата гол-сметка беше многу добар. Потоа дојде голот против Њукасл. Важно е да покажеме дека по тешкиот момент што го имавме, почнуваме да се искачуваме нагоре. Едвај чекаме да продолжиме да играме сѐ подобро и подобро. Мислам дека сме подготвени за натпреварот со Реал. Сакаме да се претставиме добро, сакаме да победиме и да се пласираме во следната рунда. Имавме тежок период, но потоа победивме два натпревари по ред и нормално е да ни се врати самодовербата“, изјави Коди Гакпо.
Натпреварот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид се игра утревечер на „Енфилд Роуд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













