Connect with us

Гакпо може да дебитира за Ливерпул в сабота

Холандскиот интернационалец Коди Гакпо конечно ги заврши сите формалности околу неговиот трансфер во Ливерпул. Гигантот од „Енфилд“ во текот на денот ги комплетираше сите документи за регистрација на Гакпо, па тој наскоро ќе дебитира во црвениот дрес.


Гакпо пред неколку дена пристигна во Ливерпул од ПСВ за 42 милиони евра.


Тој синоќа немаше право на настап во поразот против Брентфорд од 3-1, но Јирген Клоп ќе може да смета на него веќе в сабота. Тогаш Ливерпул ќе го пречека Вулверхемптон во третото коло од ФА Купот.


Гакпо беше една од целите на Манчестер Јунајтед, но Ливерпул беше побрз од големиот ривал.
Гакпо оваа сезона за ПСВ постигна 13 гола на 24 натпревари. Тој одигра многу добро и на Светското првенство во Катар, каде Холандија стигна до четвртфиналето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови