Македонскиот второлигаш Воска Спорт го ангажираше Арџенд Гафури како ново засилување за вториот дел од сезоната во Втората лига Запад. Офанзивниот играч за врска доаѓа од прволигашот Ренова каде во минатото ја носеше капитенската лента и беше еден од најдобрите играчи.
Во есенскиот дел од првенството тој најчесто беше резерва во тимот на Ќатип Османи, па затоа и одлучи да замине, прифаќајќи ја понудата на Воска. Во секој случај, ќе биде огромно засилување за Воска во трката за пласман во елитата.
Покрај Гафури, раководството на Воска преговара со уште неколку истакнати прволигашки имиња кои се оечкува да го засилат тимот за вториот дел од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













