Голманот Филип Гачевски, еден од капитените на Вардар, на симболичен и емотивен начин го прослави последниот успех – освојувањето на Купот на Македонија 2024/25.
На социјалните мрежи, Гачевски објави фотографија како спие со пехарот, а покрај тоа, ги наведе и сите свои најзначајни достигнувања во кариерата. Објавата стана вирална, со бројни коментари од навивачите кои му оддаваат признание за сè што направил за „црвено-црните“.
🏅 Успесите на Гачевски со Вардар
Во описот на фотографијата, 34-годишниот голман ги наброи следниве успеси:
- 2015 – Суперкуп на Македонија
- 2015/16, 2016/17, 2019/20 – Шампион на Македонија
- 2017 – Групна фаза на Лига Европа
- 2023 – Промоција преку бараж во Прва лига
- 2024/25 – Куп на Македонија
- 2014/15 – Рекорд: 912 минути без примен гол
- 2015 – Играч на годината во македонската лига
- 2019 – Рекорд: 19 натпревари без примен гол
🔴 Црвено-црно срце
Гачевски е играч со најдолг стаж од актуелниот состав на Вардар. Првпат го облече црвено-црниот дрес во 2015 година, бранејќи до 2020-та, по што замина на Кипар. Во 2022 година се врати во Скопје и повторно стана клучна фигура во клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













