
Емотивна вечер на „Тодор Проески“ арената, каде што фудбалот го одигра најважниот натпревар – оној на човечноста. Хуманитарниот меч меѓу Вардар и Црвена Звезда, организиран како поддршка за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, не остави никого рамнодушен.
Голманот на Вардар, Филип Гачевски, со видна емоција зборуваше по завршувањето на натпреварот, нагласувајќи ја важноста на солидарноста и поддршката во тешки моменти.
„Доживеавме голема трагедија како народ. Овој натпревар ни значи на сите – не само како спортисти, туку и како луѓе. Му благодарам на секој што беше тука вечерва, особено на Црвена Звезда што го прифати поканата. Искрено се надевам дека во иднина ќе се собираме за посреќни поводи,“ изјави Гачевски.
И додека вечерта беше обоена со солзи и надеж, чуварот на мрежата на Вардар не ја заборави и спортската страна на сезоната.
„Нашата првична цел беше да обезбедиме опстанок, и со серијата од десет натпревари без пораз сме на вистинскиот пат. Но морам да кажам – чувството кога играте пред 25.000 луѓе е нешто сосема друго. Се надевам дека ќе се пласираме во финалето на Купот и ќе имаме прилика да играме уште еднаш пред ваква атмосфера, па зошто да не – и да се избориме за излез во Европа“, рече Гачевски, полн со оптимизам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
