Вардар се уште е без триумф и без ниту еден постигнат гол по првите две кола од новата сезона, но „црвено-црните“ се надеваат дека таа серија ќе биде прекината на утрешното градско дерби против Работнички, што ќе се игра со почеток во 17 часот на Националната Арена „Тоше Проески“.
Капитенот на „вардарци“, голманот Филип Гачевски, е оптимист дека „црвено-црните“ ќе успеат да дојдат до цел плен на утрешниот дуел со „романтичарите“.
„Имаме силни мотиви и голема желба да дојдеме до победа во градското дерби. Се надевам дека ќе успееме да ставиме крај на овој голгетерски пост и утре со помош на нашите навивачи ќе дојдеме до првата победа во сезоната која ќе ни даде самодоверба понатаму. Ги цениме сите противници, меѓутоа ние секогаш против било кого одиме на победа, така ќе биде и утре. Убеден сум дека утре сите кои ќе бидеме на теренот ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до трите бода“, рече Гачевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













