Македонската футсал репрезентација загуби (2-3) од селекцијата на БиХ во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП. Иако десеткувани, избраниците на Васко Скендеровски се држеа во текот на целиот натпревар. Двапати имаа негатива, но успеваа да израмнат, а последниот гол го примија на 12 секунди пред крајот на мечот.
Босанците поведа со голот на Сесар во 13. минута, а Македонија израмни преку Ранготов десет минута подоцна. БиХ вторпат поведе во 36. минута со голот на Хркач.
Рамадани повторно донесе израмување за македонскиот национален тим во 39.минута, но Јелиќ погоди за триумф на гостите на 12 секунди пред крајот на натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













