Фулам и Пари Сен Жермен постигнаа целосен договор за дефанзивецот Лeвен Курзава, објави „Скај Спортс“. Договорот за 29-годишниот лев бек е за едногодишна позајмица, без вклучена опција за откупување на неговиот договор.
Курзава е дел од Пари Сен Жермен од 2015 година. Во тој период имаше 153 настапи и 14 гола и освои четири француски титули.
Сепак, Фулам нема да може да го ангажира холандскиот напаѓач Џастин Клајверт и покрај тоа што договорил трансфер со Рома. Причината е што британските власти одбија да му дадат работна виза на Холанѓанецот, бидејќи тој го нема потребниот број на натпревари за „волчицате“, откако минатата сезона играше како позајмен во француската Ница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













