Женската фудбалска репрезентација на Македонија не успеа да врзе две победи по ред во квалификациите за СП. Селекцијата на Кирил Изов денеска загуби (2-3) од Луксембург во Охрид иако важеше за голем фаворит во пресрет на овој дуел. Гостинките немаа постигнато ниеден, а примија дури 19 гола пред овој натпревар, но одиграа квалитетно на стадионот „Билјанини извори“.
Џули Маркес Абреу погоди во осмата минута по една грешка во одбраната на Македонија. Наташа Андонова од слободен удар ја погоди гредата, а израмнувањето дојде преку Гентјана Рочи која исто така одлично изведе слободен удар во 21.минута.
Во вториот дел Македонија остана без Наташа Андонова која го повреди мускулот, а Луксембург тоа знаше да го искористи. Џули Маркес Абреу погоди и по вторпат за ново водство (1-2) во 62.минута. Кејт Тил само пет минути подоцна со удар со глава на асистенција на Абреу зголеми на 1-3.
Македонија не се предаде до крајот. Павлинка Николовска во 90.минута постигна убав гол од голема далечина, а Мустафа во судиското продолжение со удар со глава ја погоди гредата од голот на Луксембург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













