
Женската А репрезентација на Македонија беше учесник на меѓународниот контролен турнир што се одржа во Аланија, Турција.
Нашата женска селекција во рамките на „Turkish cup Alanya 2023″ одигра три контролни средби против Замбија, Бугарија и Естонија.
Во првиот дуел против селекцијата на Замбија, нашите фудбалерки загубија со минимални 1-0. Противникот во последната минута од мечот успеа да погоди за победа.
Во второто коло, Македонија беше поразена со 2-1 од нашиот источен сосед, селекцијата на Бугарија.
Во последниот дуел од контролниот турнир во Аланија, Турција, избраничките на селекторот Кирил Изов одиграа нерешено, 1-1, против Естонија.
За најдобар играч од средниот ред на турнирот беше прогласена Наташа Андонова.
„Задоволен сум од подготовките и настапот на моите фудбалерки на контролниот турнир во Аланија, Турција. Одигравме мотивирано, квалитетно на сите три натпревари против силни противници. Од Замбија и Бугарија претрпевме два несреќни порази со голови примени во последните минути, додека со незгодната селекција на Естонија одигравме нерешено. На овие натпревари можност добија млади фудбалерки кои беа повикани на овие подготовки и максимално ја оправдаа укажаната доверба. Задоволен сум од нивниот настап, во иднина може да придонесат многу за сениорскиот тим”, изјави Кирил Изов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
