Connect with us

Фудбалерите што не сакаат да се вакцинираат во Херта – сами ќе си плаќаат ПЦР – тестови

Фудбалерите на германскиот бундеслигаш Херта, кои не се вакцинирани, отсега ќе треба сами да си платат за ПЦР -тестови. Според сегашните прописи во Бундес -лигата, играчите кои настапуваат мора да прават најмалку два ПЦР – теста за седмично.

Вакцинираните фудбалери не треба да прават тестови, па раководството на клубот одлучи дека сите оние кои што одлучиле да не се вакцинираат, отсега сами ќе си ги подмируваат трошоците.

ПЦР – тестот во Германија чини околу 70 евра, а клубот информираше дека Херта донела одлука сите фудбалери кои не сакаат да примат вакцина отсега сами да си ги плаќаат тестовите. Извршниот директор на клубот Фреди Бобиќ за медиумите изјави дека околу 90 проценти од нивните фудбалери се вакцинирани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови