Скандал го следи дуелот меѓу ЦСКА Софија и Македонија ЃП и две седмици откако бугарскиот тим успеа да ги елиминира “лавовите” во Конференциската лига на УЕФА. Фудбалерот Георги Јомов играл под допинг на тој натпревар, за што УЕФА веќе ја известила ЦСКА Софија.
Да биде скандалот поголем, Јомов беше и стрелец на тој натпревар во триумфот од 4-0.
“На 25.08., на неколку часа пред натпреварот со Базел, ЦСКА Софија доби писмо од Антидопинг агенцијата на УЕФА за откривање на забранета супстанца кај Георги Јомов. Примерокот од урина е земен на 28.07., по натпреварот со Македонија ЃП”, се вели во дел од известувањето на бугарскиот клуб, ЦСКА Софија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













