
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, е оптимист околу настапот во Лигата на шампионите и покрај лошиот старт и двата убедливи пораза. Барселона синоќа на гостувањето во Португалија загуби од Бенфика со 3-0, а холандскиот репрезентативец смета дека Барса се уште има шанси за пласман во нокаут фазата.
„Има уште многу натпревари пред нас. Ако ги победиме имаме шанси да одиме во следната фаза. Сè уште верувам дека можеме да ја поминеме групата. Мораме да продолжиме да се бориме, да останеме обединети и да излеземе од оваа тешка ситуација. Единствениот излез е да работиме напорно и да се држиме заедно“, изјави Френки де Јонг.
Каталонците по две кола се последни во групата Е без освоен бод. Лидер е Баерн Минхен со шест бода, Бенфика има четири, а Динамо Киев е третопласиран со еден освоен бод.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
