Connect with us

Француски напаѓач го засили Пелистер

Фудбалскиот прволигаш Пелистер продолжува да се засилува непосредно пред стартот на новата сезона во Првата фудбалска лига. Во Битола пристигна францискиот интернационалец Глоир Антонио, кој треба да ја засили навалната линија, а доаѓа од бугарскиот второлигаш Бургас каде што настапуваше минатата сезона.

Ново име во Пелистер е и младиот Виктор Крстевски, кој од Вардар се пресели во битолскиот прволигаш.
Пелистер поради финансиските проблеми не можеше да се засили во првиот дел од летниот преоден рок, но сега пречките се надминати и тренерот Димитар Капинковски и раководството на клубот се обидуваат да оформат поквалитетен ростер.

Во првото коло од новата сезона, Пелистер утре ќе гостува во Ѓорче Петров и ќе игра со Македонија Ѓорче Петров.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови