Connect with us

Фрајбург, сепак, ќе поднесе жалба за мечот против Баерн Минхен

Баерн Минхен викендов оствари убедлива победа (1-4) над Фрајбург во 28. коло од Бундес – лигата, но проблем направи тим – менаџерката која при замените, откако пропуст имаше и кај четвртиот судија, внесе на теренот 12 фудбалери кои одиграа заедно 17 секунди. Потоа проблемот беше воочен, па Кингсли Коман, кој требаше претходно да излезе, конечно го напушти теренот.


Иако тренерот Кристијан Штрајх најави дека Фрајбург нема да поднесе жалба, сепак, клубот на официјалниот сајт најави дека ќе упати официјална жалба за кршење на правилата на фудбалската игра.

На шест кола пред крајот губењето на бодовите не би значело премногу за Баерн, но Фрајбург би можел многу да добие. Клубот е на петтата позиција и има само три бода помалку од Лајпциг кој е во зоната што води во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови