Комплексот на Академија Пандев е официјално пуштен во употреба откако вчера се одигра првенствениот натпревар на струмичките прволигаши. Фотката делува импресивно за македонски прилики. Академија Пандев добива вистинска функционална база за фудбалерите, нешто што секако е неопходно за развој на клубот во целина.
Покрај тоа, Академија Пандев доби и сопствен стадион каде ќе може да ги игра натпреварите од Првата фудбалска лига. Можеби почетокот на сезоната резултатски не е според очекувањата, но клубот на Горан Пандев дефинитивно се движи во вистинска насока.
Ех, да се сите како Горан Пандев…Не мора да знаат толку фудбал, само да го следат со инвестициите…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













