Connect with us

Форбс: Лионел Меси е спортистот со најголема заработка

Sвездата на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, ја има најголемата заработка меѓу спортистите во последните 12 месеци. Тој заработил 125 милиони евра, објави американскиот магазин „Форбс“.
Тој постигна само четири првенствени гола за ПСЖ, кој сезонава му плати 72 милиони евра. Останатите околу 50 милиони евра се заработени од спонзорските договори.


На второто место на листата е Леброн Џејмс со заработка од 116 милиони евра. Од Лос Анџелес Лејкерс тој заработи 40 милиони евра, додека надвор од паркетот има неверојатен приход од 76 милиони евра.

Трет според заработката е Кристијано Роналдо со 110 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови