Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, кој моментно игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија, е најплатениот фудбалер во светот за 2024 година според рангирањето на магазинот „Форбс“.
Според изданието, Роналдо заработил 285 милиони долари оваа година (220 милиони од плата и 65 милиони од приходи надвор од теренот).
На второто место е аргентинскиот напаѓач на американскиот Интер Мајами, Лионел Меси, со 135 милиони долари (60+75). Третото место го зазема бразилскиот напаѓач на саудискиот Ал-Хилал, Нејмар, кој заработил 110 милиони долари (80+30).
Во топ 10 се најдоа и Карим Бензема (Франција, Ал-Итихад) со 104 милиони долари (100+4), Килијан Мбапе (Франција, Реал Мадрид) со 90 милиони долари (70+20), Ерлинг Хaланд (Норвешка, Манчестер Сити) со 60 милиони долари (46+14), Винисиус Жуниор (Бразил, Реал Мадрид) со 55 милиони долари (40+15), Мохамед Салах (Египет, Ливерпул) со 53 милиони долари (35+18), Садио Мане (Сенегал, Ал-Наср) со 52 милиони долари (48+4) и Кевин Де Бруин (Белгија, Манчестер Сити) со 39 милиони долари (35+4).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













