Tренерот на Милан, Пауло Фонсека, зборуваше по победата на неговиот тим на гости против Монца со 0-1. „Росонерите“ повторно не успеаја да импресионираат со својата игра, што предизвика критики, особено бидејќи играа против противник кој се бори за опстанок.
Сепак, тренерот на миланскиот клуб потсети дека конечниот резултат е тоа што има најголемо значење.
„Резултатот е најважното нешто. Мислам дека навистина заслуживме да победиме со повеќе голови поради тоа што го направивме во второто полувреме. Ни беше потребна победа, а секогаш е тешко да се игра овде. Милан загуби на овој стадион минатата сезона, но сега победивме и тоа го направивме многу добро“, изјави Фонсека.
„Најмногу бев загрижен во првото полувреме, бидејќи не бевме доволно агресивни и не добивме доволно индивидуални дуели, но навистина не се сеќавам на шанси на Монца во второто полувреме. Ги корегиравме потребните работи за време на паузата и натпреварот потоа беше сосема различен“, додаде тренерот на Милан.
Големото предизвик за Фонсека и Милан следува идната недела, кога на 5 ноември, во вторник, ќе гостуваат кај актуелниот европски клупски шампион Реал Мадрид во натпревар од четвртото коло на Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













