Не само само поразот од 1-2 против Фиорентина тоа што екстремно го налути тренерот на Милан, Пауло Фонсека. Тој беше повеќе изнервиран од самоволието кое играчите го покажаа на теренот, и тоа двапати.
На прес-конференцијата по натпреварот, тренерот на „росонерите“ откри дека Кристијан Пулишиќ бил одреден да ги изведува пеналите за неговиот тим. Голманот на Фиорентина, Давид Де Хеа, ги одбрани двата удари од белата точка, кои ги изведоа Тео Хернандез и Тами Ејбрахам.
„Разочаран сум од она што се случи. Кристијан Пулишиќ е одреден за изведувач на пеналите. Не знам зошто играчите донесоа друга одлука на теренот. Ова никогаш не треба да се повтори и тоа им го кажав на играчите. Го сакам фудбалот и не сакам повеќе да зборувам за пенали. Не сакам да бидам дел од овој циркус“, нервозно реагираше Пауло Фонсека.
„Примивме лесни голови од Фиорентина. Дури и не требаше да создаваат многу шанси. Недостигаше агресивност во одбраната. Кога ќе промашиме два пенали и ќе примиме гол како вториот, многу е тешко да победиме“, истакна тренерот на Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













