Connect with us

Флорентино Перез нуди 185 милиони евра за Мбапе – „Земи или остави“ за ПСЖ

Реал Мадрид тргнува во тотална офанзива за да го купи Килијан Мбапе. Следната понуда ќе биде и последна од „кралевите“ за ПСЖ, а изнесува 185 милиони евра. Флорентино Перез не сака премногу да си „игра“ со Насер Ал Келаифи, посебно што добил жесток одговор на првата понуда која изнесуваше 160 милиони евра.

„Добивме одговор, и тоа многу дрзок“, искоментирал Флорентино Перез и „наредил“ клупската администрација да испрати мејл со понуда од 185 милиони евра. Од оваа сума, 35 милиони евра треба да заминат во касата на Монако, а 150 милиони ќе бидат наменети за Пари Сен Жермен.

После ова, Флорентино Перез нема намера веќе да води преговори и ќе ги остави челниците на ПСЖ сериозно да размислат – или ќе ја прифатат понудата, или следното лето Килијан Мбапе ќе дојде на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен агент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови