
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, очигледно не прави трагедија од убедливиот пораз кој го претрпе неговиот тим од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. „Кралевите“ загубија со 2-5, но Перез се обиде да внесе оптимизам и смиреност.
На фан-каналот на „кралевите“ на социјалната мрежа Twitter – Madrid Xtra, беше објавена фотографија на која Перез стои покрај капитенот на тимот, Лука Модриќ, и му се обраќа со насмевка: „Понекогаш мора и да изгубиме финале, нели?“
И покрај овој неуспех, статистиката покажува дека Реал Мадрид останува еден од најуспешните тимови во историјата. Тимот има освоено 22 од последните 25 финалиња во различни престижни натпреварувања, како што се Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство, Интерконтиненталниот куп, како и Купот и Суперкупот на Шпанија.
Интересно е што сите три порази во финалињата доаѓаат во шпанскиот Суперкуп:
2018: Пораз од Атлетико Мадрид со 2-4.
2023: Пораз од Барселона со 1-3.
2025: Пораз од Барселона со 2-5.
🚨 Florentino Pérez to Modrić: “Sometimes we have to lose a final, don’t we?” @MovistarFutbol pic.twitter.com/pAdA4Qut2y
— Madrid Xtra (@MadridXtra) January 12, 2025

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski