Connect with us

Флорентино Перез испрати писмо со поддршка за повредениот Гави

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, покажа вистинска класа и испрати писмо во кое му изразува поддршка на играчот на вечниот ривал Барселона, Гави, кој се здоби со тешка повреда и ќе го пропушти остатокот од сезоната, како и Eвропското првенство следниот јуни.

Гави се повреди на натпреварот на Шпанија против Грузија (3-1) од квалификациите за ЕВРО 2024.

Фудбалерот ги скина вкрстените лигаменти и менискусот и ќе го пропушти и завршниот турнир во Германија следната година.

Оваа сезона Гави има два гола и една асистенција на 15 натпревари за Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови