Флорентино Перез продолжува да создава тим од соништата. Според информациите на шпанските медиуми, по Мбапе како слободен играч пристигнува уште една ѕвезда.
Баерн Минхен одби да го пушти капитенот на Канада, Алфонс Дејвис, но тој е категоричен да не го продолжи договорот и да пристигне во Шпанија како слободен играч. Баерн нема многу избор, во слична ситуација пред десет години го продаде Тони Крос на „кралевите“ за 25 милиони евра.
Канадскиот лев бек ја отфрли сумата од 14 милиони евра за продолжување на договорот и ги налути Баварците. Но мора да бидат прагматични, ништо не значи ако го остават на клупата за резерви, ќе почека 12 месеци.
Според некои информации, Реал Мадрид не се откажал од намерата да ги купи Ерлинг Халанд, Трент Александер-Арнолд, Алесандро Бастони од Интер, кои во догледно време треба да го најдат своето место во веројатно најсилниот тим на светот преку комбинација на слободни трансфери и притисок врз нивните клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













