
Селекторот на германската фудбалска репрезентација Ханси Флик смета дека раководните луѓе на ФИФА била во право што ја исклучиле руската репрезентација од плеј-офот за Светското првенство во Катар, откако руската армија ја нападна Украина.
„Мислам дека оваа мерка е точна како симбол“, изјави Флик за магазинот „Стерн“, цитиран од ДПА.
Русија в четврток требаше да се соочи со Полска во полуфиналето од баражот за пласман на СП во Катар.
Сепак, Флик рече дека не верува дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде разубеден со спортски казни откако „ниту најстрогите економски санкции не го спречија“. Тој сочувствува со спортистите од Русија и Белорусија, кои се целосно исклучени од многу спортови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
