Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир за фудбалери до 14 години. Учество на турнирот кој ќе се одржи од 26. до 29. мај годинава, покрај домаќинот ќе бидат и Црвена Звезда и Партизан од Србија, Хајдук Сплит од Хрватска, Марибор од Словенија и Левски од Бугарија.
Натпреварите ќе се играат на тренинг комплексот на ФФМ, а ќе бидат пренесувани и на регионалната телевизија „Спортклуб“.
„ФК Вардар е организатор на првото издание на „Вардар куп Скопје“, силен младински меѓународен турнир за играчи до 14 години на кој учество ќе земат топ 6 екипи од Балканот. Турнирот ќе се одржи од 26-29 мај оваа година и натпреварите ќе се одиграат на терените на нашиот тренинг камп и на тренинг комплексот на ФФМ“, истакнаа од ФК Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













