
Фудбалскиот тим на ФК Работнички по седум години повторно ќе игра во Европа, а европскиот пат одамна го трасираше Генералниот секретар на клубот, Ненад Монев, кој во изминативе 10 години е значаен дел и ужива голема доверба во ЕКА (Европската Клупска Асоцијација).

Ненад Монев доби огромна привилегија и чест, да биде избран меѓу одбран круг на идни фудбалски лидери, кои директно под покровителство на ЕКА, нејзиниот претседател Насер Ал-Келаифи и Harvard Business School од Бостон, Америка, ќе бидат дел од „ECA Executive Leadership Programme“. Во претстојната една година, ќе се образуваат и надградуваат по најновите едукативни програми на престижниот универзитет во Бостон (САД), но дел од програмата ќе биде реализирана и во еден од најголемите европски клубови, ПСЖ од Париз, Франција.

Воедно, секретарот во младинската академија на ФК Работнички, Стефан Драган Павлов, исто така ќе биде дел од програмата на ЕКА (Club Talent Management Programme).
Ова е доказ дека ФК Работнички постојано се стреми, покрај спортските успеси, да го следи европскиот фудбалски тренд со надградување и едукација на своите кадри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ
