Connect with us

ФК Работнички дел од UEFA RESPECT FORUM

Фудбалскиот клуб Работнички на покана на УЕФА и на ЕКА, претставен од генералниот секретар Ненад Монев беше дел од инаугуративниот UEFA RESPECT FORUM, кој овие два дена се одржува во Франкфурт, во седиштето на Фудбалската федерација на Германија (ДФБ).

Повеќе од 100 експерти имаа свои излагања и даваа идеи, прикажувајќи ги најновите трендови, практики и иновации во социјалната и еколошката одржливост. Форумот беше поделен во серија разговори, панел дискусии и работилници, а на 28 јуни во терените на ФК Вајс-Блау, локалниот фудбалски клуб во Франкфурт, шеснаесет тимови се натпреваруваа за Јунити евро куп, на заедничка иницијатива на УЕФА и на УНХЦР.

На пленарните сесии имаше говорници на високо ниво, вклучително и високиот комесар на УНХЦР, Филипо Гранди, европскиот комесар за еднаквост Хелена Дали, поранешниот француски репрезентативец и тренер, Патрик Виеира, како и претставници од европските национални асоцијации, лиги и клубови, меѓу кои и ФК Работнички.

Присутна беше и Ненси Фезер, германската федерална министерка за внатрешни работи и заедници, претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф, и директорот на ЕВРО 2024, Филип Лам, освојувач на Светското првенство и на Лигата на шампионите на УЕФА.


Присутните беа запознати со завршните детали околу организацијата на Европското првенство во Германија во 2024 година и она што го носи иднината во фудбалот, како дел од работната група за „Sustainability“.

„Чест, задоволство и обврска е да се биде дел од UEFA RESPECT FORUM, а ФК Работнички во моментов е единствениот клуб кој го претставува во ова реномирано друштво и македонскиот фудбал. Имаше плодни дискусии од кои секогаш може многу да се научи, а дел од идеите и да се применат во стратегијата на ФК Работнички и на макфудбалот воопшто“, вели генералниот секретар Ненад Монев за официјалниот сајт на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови