
Роберто Фирмино на крајот од минатата сезона си замина од Ливерпул барајќи нов предизвик. Изгледа дека тој предизвик не е Јувентус, Милан или МЛС – лигата, каде што медиумите го „трансферираа“ претходните недели, туку Ал-Ахли од Џеда, тим кој минатата сезона играше во втората лига на Саудиска Арабија, но брзо се врати во елитниот ранг.
Ал-Ахли му испратил на Фирмино предлог за тригодишен договор, според кој Бразилецот би заработил 60 милиони евра. Влијателните светски медиуми пренесуваат дека Фирмино од Ал-Ахли го делат само лекарските прегледи.
Таму неодамна се пресели и поранешниот голман на Челси, Едуард Менди, а се враќа и Езгјан Алиоски по позајмицата во Фенербахче.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
