Италијанскиот калчолигаш Фиорентина сака да ја купи ѕвездата на Реал Мадрид, Иско. Тосканците досега оваа зима ги обезбедија услугите на Џонатан Иконе од Лил, а многу брзо во тимот и официјално ќе биде ангажиран напаѓачот Кшиштоф Пјонтек.
29-годишниот Иско важеше за еден од најдобрите шпански играчи во својата генерација, но неговата кариера оди во надолна линија во последните неколку сезони. Шпанецот оваа сезона одигра само 195 минути во сите натпреварувања за Реал Мадрид и нема многу надежи дека ќе го подобри статусот кај тренерот Карло Анчелоти.
Договорот на играчот од средниот ред е до крајот на сезоната и се чини дека овојпат навистина нема да биде обновен. Тимот од Фиренца не сака да чека до лето и ќе тргне во офанзива за играчот до крајот на овој месец. Раководствата на двата тима се во блиски односи, што би го олеснило трансферот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal