Јувентус и Фенербахче постигнаа договор за трансфер на крилниот напаѓач Филип Костиќ во гигантот од Истанбул, пренесуваат италијанските и турските медиуми.
Договорот меѓу двата клуба е за првична позајмица со опција за откуп, што најверојатно е во износ од 5 милиони евра. Костиќ се очекува утре да ги помине медицинските прегледи пред да го потпише договорот со Фенербахче, чиј тренер е Жозе Мурињо.
Српскиот репрезентативец, кој има 64 натпревари за својата репрезентација, пристигна во торинскиот гигант пред две години кога на Ајнтрахт Франкфурт му плати 15 милиони евра. Оттогаш, 31-годишниот фудбалер за „бјанконерите“ одигра вкупно 87 натпревари со три гола и 15 асистенции.
Ова лето, сепак, новиот тренер на тимот, Тијаго Мота, го прогласи за непотребен, што доведе до раздор меѓу двете страни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













