Connect with us

Филип Клеман е новиот менаџер на Ренџерс

Глазгов Ренџерс официјално го објави назначувањето на Филип Клеман, кој ќе биде нов менаџер на клубот. 49-годишниот Белгиец последен пат беше на чело на Монако, но го напушти летото и сега ќе го наследи Мајкл Бил во шкотскиот гигант. Поранешниот белгиски репрезентативец ќе потпише договор за три и пол години со Ренџерс.


Во текот на својата тренерска кариера, Клеман освои три последовни титули во белгискиот шампионат – прво со Генк, а потоа двапати со Клуб Бриж во периодот 2019-2021 година.

„Чест ми е што сум назначен за нов менаџер на Ренџерс и би сакал да му се заблагодарам на бордот на директори што ми ја пружи оваа можност. Исклучително сум возбуден поради оваа шанса да успеам во еден од најпознатите европски клубови. Со нетрпение очекувам да се сретнам со играчите во текот на следните денови и да ги запознаам нашите поддржувачи дома против Хибернијан следната сабота. Се надевам дека заедно тргнавме да изградиме успешен и победнички Ренџерс“, изјави новоименуваниот менаџер.

Тимот моментно е второпласиран во шкотската Премиер-лига, со седум бода негатива во однос на лидерот Селтик по осум одиграни натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови