Connect with us

Фиго: Роналдо, Меси и Модриќ се најдобрите фудбалери во светот

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а посебно блескава партија во триумфот (3-1) против Аталанта прикажа хрватскиот интернационалец Лука Модриќ. По натпреварот тој доби големи пофалби од прославениот португалски ас Луис Фиго, кој своевремено исто така го носеше дресот на „кралскиот клуб“.

„Модриќ е фантастичен. Тој е меѓу тројцата најдобри фудбалери во светот. По мое мислење, тоа се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Лука Модриќ. Потоа следуваат Мохамед Салах, Килијан Мбапе и Нејмар“, изјави Луис Фиго.

35-годишниот Модриќ брилјираше заедно со Тони Крос во средниот ред на Реал Мадрид. Потоа и изјави дека се чувствува како 27-годишно момче.

„Се чувствувам како да имам 27 години. Не треба да ги гледате годините во пасошот, туку она што фудбалерите го прикажуваат на теренот“, изјави Модриќ. Хрватот е највозрасниот фудбалер на Реал Мадрид, но се уште може и тоа како добро да игра на врвно ниво.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови