Светската фудбалска организација (ФИФА) ги потврди шеширите во пресрет на ждребот за квалификациите во Европската зона за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Македонија е потврдена како дел од третиот шешир, што беше познато од поодамна.
Заедно со Македонија се и Шкотска, Словенија, Р. Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, С. Ирска, Црна Гора, БиХ и Израел, а тие селекции нема да можат да бидат наши ривали.
Ждребот ќе се одржи на 13 декември.
ШЕШИР 1: Франција, Шпанија, Англија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска и Австрија
ШЕШИР 2: Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Романија, Грција, Словачка, Чешка и Норвешка
ШЕШИР 3: Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Македонија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Израел
ШЕШИР 4: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Косово, Ерменија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Летонија и Литванија
ШЕШИР 5: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski