Connect with us

ФИФА го казни Рубиалес со тригодишна забрана од фудбалот

ФИФА официјално го санкционираше поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес поради скандалозниот бакнеж на Џени Хермосо. Изречена му е забрана во времетраење од три години да не се занимава со никаква дејност поврзана со фудбалот.


Како што е познато, скандалот изби летото кога Рубиалес по финалето на Светското првенство за жени ја бакна во усни репрезентативката на Шпанија, Џенифер Хермосо. Потоа се пожалила дека тоа е направено против нејзина волја.

По огромниот притисок, Рубиалес поднесе оставка од својата лидерска позиција во федерацијата, а исто така беше казнет од Спортскиот управен суд во Шпанија – 3 години да не биде дел од фудбалот во земјата.

Одделно, Рубиалес е под истрага од шпанските обвинители за сексуален напад. Против него е издадена забрана за приближување на 200 метри од Хермосо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови