Connect with us

ФИФА ги казни Црногорците со затворање на половина стадион за мечот со Холандија

Дисциплинската комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА) го санкционираше Фудбалскиот сојуз на Црна Гора за неспортското однесување на навивачите во натпреварот од шестото коло од квалификациите за Светското првенство со селекцијата на Летонија.


„Фудбалската асоцијација беше казнета со 20.000 швајцарски франци и мерките за затворање на трибините на навивачите (на југ и север) во првиот следен натпревар во квалификациите за Светското првенство, поради дискриминаторско однесување на навивачите за време на натпреварот со Летонија. Според одлуката на ФИФА, навивачките трибини ќе бидат затворени на натпреварот со Холандија, кој ќе се одигра на 13 ноември 2021 година на Градскиот стадион во Подгорица, со почеток во 20:45 часот “, објави ФСЦГ.

Фудбалскиот сојуз на Црна Гора упати апел до навивачите на црногорската репрезентација да се воздржат од неспортско однесување и секаков вид дискриминација на претстојните натпревари на националниот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови